Најмалите денеска напладне имаа можност да се дружат со Дедо Мраз во просториите на Занаетчискиот дом,а воедно и да ја проследат изведбата на театарската претстава „Дружината на Снешко Белчо“, во организација на Фондацијата за култура и спорт. Станува збор за прилепска театарска група која пред дечињата се претстави со детската новогодишна бајка од авторот Гоце Балада. За наредната година надлежните најавуваат побогата новогодишна програма во Куманово.