Повеќегодишната соработка на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска беше официјализирана со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу институциите.
„Целта е да се поттикне меѓугенерациската солидарност, како и да се надминат стереотипите меѓу младите и повозрасните лица“, истакна директорот на Домот за стари лица Александар Крстевски.
Директорката на Гимназијата Марија Тодоровска посочи дека од оваа учебна година секој ученик има обврска да реализира 36 часа општо-корисна работа во локалната заедница, а една од активностите ќе биде насочена токму кон корисниците на домот „Зафир Сајто“.