Превозниците од Куманово реагираат на последната одлука на Советот за формирање пакет линии за атрактивните и непрофитабилните линии. Велат дека е незаконски да се носат вакви одлуки за линии за кои постапката е во тек. Правниот застапник на превозниците, Виктор Божиновски го повика градоначалникот на Куманово, согласно одлуката на второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски, да донесе нов управен акт со кој ќе ги додели линиите на претпријатијата кои што ги исполнуваат во целост условите од распишаниот оглас, врз основа на првичната одлука од декември. Во спротивно тој најави покренување на правна постапка.
–Доколку не се донесе ново решение согласно Законот за општа управа постапка, ќе следи жалба поради молчење на управа, работа која што е предвидена со самиот закон. Во тој случај конечна одлука носи Министерството за транспорт и врски. Втората работа е што веднаш по објавувањето во службен гласник, веројатно денеска ќе биде поднесен поднесок до Државниот управен испекторат заради незаконската одлука на Советот на општина Куманово и трета работа која ќе следи бидејќи во овој период очигледно заради неадекватното решеавање во консулатација со моите клиенти ќе следат тужби против општината за надомест на штета, односно изгбуена добивка заради невршење на дејноста во овој период-нагласи тој.
Божиновски истакна дека не може да се бара вина кај превозниците затоа што нема општински лински превоз, кога рече општината не ја извршила постапката навреме.
-Градоначалникот на Куманово постапувајќи по извештајот на комисијата која самиот ја формирал донесе решение со кое некои превозници се прифаќаат, некои се одбиваат. Бидејќи во тие решенија беше очигледно дека се фаворизира една компанија, јас присуствував на самото отворање на понуди таа компанија првин ги немаше сите потребни документи кои самиот градоначланик, комисијата ги пропишала дека мора да ги имаат. Недостасуваше еден документ кој го издава централниот регистар исто така дадоа број на поаѓања без притоа да дадат возен ред. Во еден условите во самиот оглас беше да се има паркинг, замислете таа компанија достави договор за закуп на нива. Автопревозниците сакајќи да си ги остварат сопствените права го искористија законското право на жалба кое што го имаат до надлежниот второстепен орган Министерството за транспорт и врски. Одлучувајќи по жалбите министерството донесе решение за неколку линии со кои се поништуваат одлуките на градоначалникот и постапката повторно се враќа на новоодлучување на градоначалниокт, како надлежен првостепен орган. Тука настанува проблемот бидјеќи досега од денот на приемот на второстепената одлука односно враќање на предметот согласно одредбите градоначалникот мора да донесе нов управен рок во најкус рок, и тоа почитувајќи ги сите правила-истакна тој.
Божиновски посочи дека за краток период повторно ќе се јави проблем и со училшниот превоз. Нагласи и дека обврска на општината е да го истакне возниот ред, а не на превозниците кои се должни да го достават во јавниот оглас. Превозниците најавуваат и протест пред општината, на кој ќе ги повикаат и засегнатите граѓани.
Во Куманово јавниот превоз за овие приградски населби не функционира од 1-ви јануари. На првиот тендер беа избрани превозници до селата и тој функционира од први февруари.