ВИДЕО: Преку проект до промоција на аудио учебници во училница

Во државното средно училиште- Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ„ во текот на вчерашниот ден повеќе од 30 наставници од североисточниот плански регион имаа можност да слушнат повеќе за користењето на Аудио учебници во училницата, како и за креирање на наставен материјал во Дејзи формат.

На локално ниво проектот го организира здружението „Креатор“ од Куманово, а вклучени се и сродни здруженија од Швајцарија, Латвија, Литванија и Словачка.

За проектните резултати и промоција на двете Дејзи книги креирани во рамки на Еразмус проектот „Аудио книги – поддршка за учениците со потешкотии во читањето и нивните наставници“ повеќе од изјавата на м-р Анита Младеновска, специјален едукатор и рехабилитатор

 

Коментари

коментар(и)