Професорката по англиски јазик, м-р Елена Марковска од СОУ Гимназија „Гоце Делчев”, Дафина Јакимовска наставничка по математика во ООУ „Браќа Миладиновци” и одделенската наставничка Ирена Анастасовска од ООУ „Кочо Рацин“ се просветните работници на годината, прогласени од Здружението на просветни работници.
На свечената седница во Занаетчискиот дом вчеравечер беа доделени и признанија на ученици и наставници за учество на натпреварот во чест на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј насловен „Од азбука до алгоритам – приказни што живеат“.
Постхумни признанија за трајни вредности во просветителската дејност беа доделени на семејствата на професорот по математика Слаѓан Станковиќ-Битрак, кој беше прогласен за најдобар просветен работник во 2025 година и на Лидија Николовска- Георгиевска, претседателка на Сојузот на просветни работници и поранешна претседателка на регионалното здружение на просветни работници.
Манифестацијата беше збогатена со културно-уметничка програма во изведба на ученици и наставници од училиштето за основно музичко образование „Панче Пешев“, денс студиото Ултра и хорот Рацинови.