„Градскиот кеј е симбол на живот, движење и средби. Верувам дека сите ќе се согласиме дека кејот може и мора да изгледа подобро. Тој треба да биде гордоста на нашиот град, не само простор покрај реката, туку вистинско живеалиште за луѓето.
Во нашата Програма предвидуваме проект River Urban Place. Проект за современа урбанизација на кејот, со кој создаваме уреден, безбеден и функционален простор за сите генерации. Со нов урбанистички план се овозможува изградба на ресторани, кафетерии, пешачки зони и зелени површини со модерен и атрактивен изглед. River Urban Place вклучува:изградба на модерна пешачка и велоспедска патека; уредни зелени површини со ново дрвоуредување и урбана опрема (клупи, осветлување, корпи за отпадоци, зона за спорт и рекреација, фитнес на отворено, игралиште за деца, места за прошетки и трчање), а најважно од сѐ чиста и заштитена река, нешто што со години претставува проблем за градот.
Рокот за реализација на овој проект е од 18 до 24 месеци во зависност од фазите на планирање, инфраструктура и изградба, додека буџетот изнесува приближно од 10.000.000 до 15.000.000 денари, вклучувајќи инфраструктурни работи, урбанистички адаптации и изградба на дел од објекти.
River Urban Place не е само сон за убавина. Ова е проект за животен стандард, економија и иднина, каде кејот ќе стане центар на социјалниот и културниот живот, место каде граѓаните ќе се чувстуваат безбедно, место каде ќе се сретнуваат семејства, спортисти и млади луѓе со нови идеи.
Нашиот град, нашиот дом заслужува ваква реалност. Со вашата поддршка на изборите за СДСМ и Коалицијата, ќе го претвориме кејот во симбол на нова енергија на Куманово!“, кажа Тамара Анастасовска, кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата на денешната прес-конференција одржана во Куманово.
ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ
Видеото по 18 часот.