ВИДЕО: Промовирана книгата „2222 надимка на кумановци“

Во Занаетчискиот дом синоќа, во рамки на програмата за одбележување на 11-ти ноември, Денот на ослободување на Куманово, се одржа промоција на книгата „2222 надимка на кумановци на кумановски” на некогашниот просветен работник, Мирко Зафировски.

Се работи за трето дело на Зафировски посветено на Куманово. Мотив за книгата раскажа дека добил бидејќи Куманово значајно се разликува од останатите средини, дури и во регионот. Во книгата се опишани основните поими на прекарите, што претставуваат, како се стекнати.

-Интересен дел е како се смислувани прекарите. Почна многу одамна но најголем подем имаше кога занаетчиите беа на едно високо ниво, многу занаетчии, тие се во дуќаните следат кој како поминува и коментираат со чираците кој каков е. Воглавно прекарите се повеќе давани по лошата страна отколку по добрата иако има прекари и за убави нешта. Собрав 2222 прекари поделени се досега не сум сретнал таква поделба, 18 подрачја по абецеда-истакна Зафировски.

Тој се надева дека ќе даде пример и младите ќе продолжат со истражувања за прекарите, но и остават свој белег за едно минато време.

Зафировски претходно ги има издадено и книгите „Живот у Куманово пред 60, 70 и повише године” и „По што га препознавамо Куманово“.

Во моментов работи на збирка на мисли „Од животот за животот“, кои планира да ги пренесе на хартија.

Коментари

коментар(и)