ВИДЕО: Промовирана монографијата за 75 години Театар Куманово

Монографија за 75 години Театар Куманово беше промовирана вчеравечер  во НУЦК „Трајко Прокопиев“. Актери, драматурзи, вработени во театарот, Кети Дончевска-Илиќ, Симона Тоскиќ, Сашо Костовски и Зоран Зафировски се автори на монографијата. Велат дека на овој начин ги забележале и ги штитат од заборав дел од претставите играни во далечно време, расфрлани низ архивите, кутии, записи и текстови. Нивна желба е што поскоро претставите да ги играат во целосно реконструиран театар.  Промотор на Монографијата беше театарскиот критичар Тодор Кузманов кој истакна дека театрите се тука за да не научат и ни го претстават животот на еден реален начин. Монографијата финансиски беше помогната од Министерството за култура и од многубројни спонзори, пријатели на Театарот. Благодарници за придонес во работата на Кумановскиот театар добија пензионираните актери, Верица Ристовска, Љубица Гојковиќ, Илија Струмениковски, Горан Илиќ.

Коментари

коментар(и)