Во Младинскиот културен центар „Козјак“ вчеравечер беше промовиран видео запис од третиот Меѓународен фолколорен фестивал Куманово. Видео презентацијата всушност е ретроспектива на трите фестивалски вечери што се одржаа во јули годинава во организација на КУД „Панче Пешев“ и МКЦ. На промоцијата присуствуваа заменик министерот за култура Даим Лучи и секретарот на Општина Куманово, Александар Гелевски.