Во истурениот објект на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ денеска е ставено во употреба училишното игралиште со нова спортска и фитнес инклузивна опрема. Новата урбана опрема е донација од општествено одговорни компании, на иницијатива на наставникот по физичко образование Југослав Спасиќ.