Православните христијани на 21 септември секоја година го слават раѓањето на Пресвета Богородица. Празникот познат и како Мала Богородица денеска беше одбележан во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ и како прва крсна слава на комплексот „Етно село Тимчевски“. Во чест на денот на црквата, со литургијата чиноначалствуваа митрополитите Григориј и Јосиф со свештеници од Кумановско-осоговската епархија, беа избрани кумови за следната година, по што присутните гости заедно со сопственикот на комплексот „Етно село Тимчевски“ и ктитор на црквата Горан Тимчевски свечено ја прославија славата во ресторанот „Еден“.
Црквата Рождество на Пресвета Богородица во комплексот е осветена на 21 септември 2020 година. Осветувањето на светиот храм тогаш го извршија митрополитите Григориј и Јосиф.