(ВИДЕО) СДСМ: Уште 1.100 стечајци ќе бидат материјално обезбедени

-Владата предводена од СДСМ се грижи за граѓаните. Деновиве е претставен новиот предлог на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Со овој предлог-закон се зголемува опфатот на дополнителни 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34 проценти од просечната месечна нето плата исплатена по работник претходната година. Со последната измена која се донесе, речиси 13 илјади лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање.

Овој предлог- закон е подготвен во директната комуникација со граѓаните, како и од анализата на досега поднесените барања според  кои е дојдено  до сознание дека на некои наши сограѓани им недостигале само неколку месеци за да го исполнат условот од 15 години работен однос во претпријатието со доминантна сопственост на државата, поради што истите луѓе не можеле да го остварат ова свое право досега.

Определбата на Владата на целосна фокусираност на социјалните политики кон сите наши граѓани од ранливите категории, продолжува и во наредниот период. Вниманието останува целосно насочено кон зачувување на работните места и кон поддршка за социјално ранливите како што се стечајците, пензионерите и невработените, рече  Марија Димитријевска, СДСМ Куманово

 

Коментари

коментар(и)