Зачестените пожари на депонијата Краста повторно „го вклучија алармот“ кај жителите на Пчиња и околните кумановски и скопски села. Густиот чад и секојдневната непријатна миризба што се шират од депонијата последните шест месеци предизвикуваат масовна загриженост и револт заради игнорантскиот однос на надлежните институции во однос на трајното решавање на повеќедеценискиот проблем. Засегнатите граѓани бараат итна реакција од Општина Куманово, Министерството за животна средина, Владата.
Видеото со изјавите од Александар Илиевски претседател на МЗ Пчиња и Раде Спасевски претставник на МЗ Горно Коњари, скопско, по вестите во 18 часот.