Полициското здружение ИПА Регион Куманово денеска го организираше првиот Меѓународен меморијален шаховски турнир „Мартин Петковски 2023, во просторите на средното училиште „Перо Наков“.
На турнирот учествуваа натпреварувачи од четири ИПА региони.
Најдобар во играта во шах е Миодраг Ѓоковиќ од ИПА Лесковац, второ место освои Сашо Манасиевски од ИПА регион Куманово, третото место му припадна на Филип Алексовски од ИПА Скопје, а на четврто место е Гроздан Васев од ИПА Струмица.
На денешниот настан присуствуваше и претседателот на ИПА Национална секција Македонија, Робертино Ацески.