Самопрегледот и скрининг -мамографијата се превентивни начини за раното откривање на ракот на дојка, а доколку болеста се открие навреме преживувањето е околу 90 проценти, порачуваат од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки Куманово во рамките на традиционалната кампања во текот на месец октомври за рано откривање на болеста. Едукативната презентација за жени „Препознај, провери, спречи!” се реализира во соработка со Општина Куманово, која секоја година издвојува средства за социјална, детска и здравствена заштита, преку кои поддржува програми на невладини организации и граѓански здруженија.
Министерството за здравство потсетува дека пријавувањето за скрининг мамографија е доброволно и се спроведува согласно Скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка на Македонија. За бесплатен скрининг можат да се пријават жени на возраст од 40-69 години кои се без присутни симптоми за рак на дојка и кои последните две години не направиле мамографија.
Видеото по вестите.