Секторот за внатрешни работи Куманово сопшти дека вчера вечер во 22:30 часот полициски службеници лишиле од слобода 23-годишен кумановец.
„При преглед кај него биле пронајдени 30 пакувања со марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти полицијата.