Преку проектот „Премостување на границите – заедно за утре“ целосно ќе биде реконструиран геријатрискиот оддел во Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Станува збор за прекуграничен проект помеѓу две институции и две невладини организации од Македонија и Србија, кофинансиран од ЕУ. Носител на проектот е Едукативен центар од Лесковац.
Целта на проектот е подобрување на животот и социјалната благосостојба на ранливите групи во пограничниот регион, преку подобар пристап до социјални, здравствени и културни услуги. Реализацијата е започната во јули 2026 година и ќе трае 24 месеци.