Навремено и правилно чистење на оџаците, редовно одржување, користење на суво необработено дрво, а не согорување на пластика, отпад и бојадисано дрво се дел од пораките кои Здружението на оџачари заедно со претставници на Општина Куманово и Територијалната противпожарна единица Куманово ги упатуваат до граѓаните на почетокот на грејната сезона. На градскиот плоштад вчера се делеа информативни материјали на граѓаните, а целта е намалување на опасноста од пожари, намалување на загадувањето на воздухот во текот на зимските месеци и кревање на свеста за почиста и поздрава животна средина кај жителите на Куманово.
„Територијалната противпожарна единица Куманово имаше околу 40 интервенции на запалени оџаци во последите три месеци минатата година и на почетокот на оваа година“, истакна командирот Борис Станковски.