Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер со почеток во 19 часот ќе биде промовиран романот „Три Марии“ од писателката Оливера Ќорвезироска.
Делото на Ќорвезироска доби три значајни книжевни признанија: „Рациново признание“ за најуспешно книжевно дело, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно дело и признанието „Роман на годината“ за 2025 година, што го доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.
Промоцијата е дел од Годишната литературна програма на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ за 2026 година, поддржана од Министерството за култура и туризам, и претставува можност за средба со современата македонска книжевност и афирмација на домашното литературно творештво.