ВИДЕО: Спортски турнир по повод 8-ми септември

Учениците од основните и средните училишта од градот имаат можност да учествуваат на спортскиот турнир во одбојка, футсал и кошарка кој го организираат Сојузот на спортови на Куманово, заедно со училишниот сојуз и здружението на спортски педагози од Куманово. Турнирот е по повод претстојниот државен празник, 8-ми септември. Натпреварите се одвиваат на четирите спортски терени, во основното училиште „Вук Караџиќ“, гимназијата „Гоце Делчев“, економското „Перо Наков“ и Соколана.

-Целта беше да се искористи убавото време, новоизградените терени, да се промовира спортот бидејќи цела година бевме онлајн и училишниот спорт мораше да има прекин што веќе се провлече година и половина ако се земе предвид дека и претходната учебна година беше прекината. Од почетокот да направиме што повеќе активности надвор да се искористи ова време и да се врати мотивацијата и овој турнир да стане традиционален-нагласи Филип Колевски, претседател на Сојуз на спортови Куманово.

-Турнирот е по повод празникот, но е во рамки на богатиот број настани во септември. Каде преку активности сакаме да ги мотивираме училиштата да се вратат на физичките активности, кои беа отсутни во овој пандемиски период. Училиштата добија т.н опрема маички со свои имиња, логоа на општината и на Европскиот ден на спортот во училиштата, што најавува дека на 24 ти септември ќе имаме учество од сите училишта, голем настан, согласно протоколите каде ќе го одбележиме Европскиот ден што минатата година беше онлајн а сега да ги стимулираме сите да се вратат со редовни физички активности-истакна Југослав Спасиќ, претседател на Здружение на спортски педагози Куманово.

-Сите активности се добредојдени во ова време, особено во пандемијата. За децата ова е дружба, рекреација, многу е добро организирано и од сојузот и училишен спорт. Најкорисно за децата и училиштата, како и за нас наставниците – посочи наставникот по физичко образование, Фатон Зенуни во ОУ „Наим Фрашери“.

Организаторите се надеваат дека турнирот ќе прерасне во традиционален.

 

 

Коментари

коментар(и)