Детско младинскиот фолклорен ансамбл „Срма“ е организатор на третиот Меѓународен детски фолклорен фестивал што ќе се одржи викендов во НУЦК „Трајко Прокопиев“ со почеток во 19 часот.
На дводневниот (петок, сабота) детски фолклорен фестивал ќе настапат културно-уметнички друштва и ансамбли од Македонија и соседна Србија, информира организаторот и уметнички раководител на ДМФА „Срма“ Марјан Бошковски.
Првата вечер ( петок) ќе настапат десет културно- уметнички друштва и ансамбли, а в сабота – шест. Членовите на „Срма“ ќе се претстават и на двете фестивалски вечери.