Во организација на планинарскиот спортски клуб „Поларис“, а во соработка со општинската организација на Црвен крст Куманово и Институтот за трансфузиона медицина денеска се реализираше крводарителска акција на која беа дарувани 23 единици крв.
Мотото на клупската крводарителска акција е „Бидете хумани како што сте упорни на планина“, истакна претседателот на ПСК „Поларис“, Бобан Стефановски кој што денеска даруваше крв по 33 -ти пат.