(ВИДЕО) Успешно завршена наставната година

Заврши наставната година за околу 13.500 основци и средношколци, а во тек е и полагањето на екстерниот дел од државната матура. Раководителот на Секторот за образование во општина Куманово, Александар Јовановиќ задоволен е од постигнатите резултати на учениците годинава. Она што следува е првото пријавување за учениците во прва година во средните училишта на 14 и 15 јуни.

-Генерално сме задоволни затоа што покрај сите предизвици што ги имавме во оваа наставна година заедно со учениците, наставниците и родителите ги пребродивме и по она што стигнува до нас како Секор за образование резултатите кои се уште пристигнуваат сме задоволни што ја поминавме оваа наставна година. Eкстерните испити се во тек, а на 14 и 15 јуни е прво пријавување за учениците во прва година во средното училиште, на 21 и 22 јуни 2022 е второто пријавување,  на 28 јуни е трето пријавување. За учениците кои полагаат испитна година или поправни испити после јунскиот рок пријавувањето е на 22 август. Пријавувањето за учениците оваа година се врши електронски. На сите ученици им посакувам да имаат убав и успешен летен распуст, изјави Александар Јовановиќ,  раководител на Сектор за образование

Јовановиќ посочува дека периодов континуирано се подобруваат условите за настава и работа во кумановските училишта, беа рзлика дали станува звор за централните или пак подрачните училипшта во руралните средини. Особено се води грижа училиштата да бидат достапни за сите ученици.

-Паралелно со градските и руралните средини беа опфатени со реконструкција како од страна на општината, така и од МОН, некои се веќе во тек, некои ќе претстојат за време на летниот распуст или во почеток на учебната година, секако дека приоритет е да се прилагодат училиштата за учениците со попреченост  бидејќи следува инклузивна настава, изјави Јовановиќ.

Со законот за основно образование од 2019-та година се предвидува целосна инклузија на учениците.

Коментари

коментар(и)