Основното училиште „11 Октомври“ денеска организираше двочасовен хуманитарен базар во трговскиот центар СУМА. Голем број граѓани, ученици, наставници, случајни минувачи ги посетија штандовите со новогодишните украси изработени од вредните и креативни раце на дечињата под менторство на своите одделенски наставници. Собраните средства од новогодишниот базар ќе бидат наменети за потребите на еден ученик од училиштето „11 Октомври“ .