(ВИДЕО) Формиран Совет за социјална заштита на североисточниот плански регион

-Успеавме со помош на Швајцарската развојна агенција и Министерството за локална самоуправа, односно проектот за одржлив рамномерен развој да бидеме прв пилот регион, според Законот за социјална заштита, ќе формира совет за социјална заштита на регионот, во кој членуваат шесте градоначалници од општините и три директори од центрите за социјална заштита. Овој совет ќе направи програма, донесовме одлука за усвојување на правилник за работа, избран е претседател на советот, тоа е градоначалникот на Липково, Еркан Арифи и се договоривме да направиме приоритетна листа за четири важни точки, изјави Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Коментари

коментар(и)