ВИДЕО: Чествување на Божиќ во Карап маала

И Карап маала со заедничко празнување на Божиќ. Граѓаните од овој дел на градот втора година по ред организирано со музика, песна, богата трпеза и македонски знамиња го прославуваат Христовото раѓање. Организаторите со надеж дека заедничкото празнување наредната година ќе биде уште помасовно.  Инаку, Карап маала е една од најстарите во градот, која името го добила во турско време, а исто така и тука пред да се населат Турците било населено македонското население. Овде, според кажувањата на жителите, успешно се криеле комитите и револуционерите. Токму затоа Турците ја нарекувале Карап маала, нешто како црна или тајна маала. Во оваа маала живееле видни и истакнати семејства како што биле: Ване Митевски-Гикин трговец, Симон Брко -бавчеванџија, Борис и Пезо Биџови – касапи, Манас Георгиевски – бакалин, Страшко и Тоде Шестаци и многу други. За прославата повеќе од изјавата на Драган Петковски.

 

Коментари

коментар(и)