Јавното претпријатие „Куманово гас“ во првите три месеци од годинава бележи добивка од 533.000 денари, а во вториот квартал од 2026 е евидентирана загуба од 161 илјада денари. Минатата година пак, претпријатието работело со загуба во висина од 4 милиони и 800 илјади денари, покажуваат годишната сметка и финансискиот извештај за 2025 кои беа усвоени на вчерашната седница на Советот на Општина Куманово.
Претпријатието доби зелено светло од советниците и за предвидените 12 вработувања во 2027 година.
„Во текот на 2025 година „Куманово гас“ обезбеди континуирана испорака на природниот енергенс до сите потрошувачи, а работеше и на ширење на дистрибутивната мрежа во должина од 2300 метри. И покрај субвенциите од Министерството за енергетика и Општина Куманово за субвенционирање на приклучокот на природен гас или за набавка на котел на гас во висина од 30.000 и 25.000 денари, поради високата цена на природниот гас засега слаб е интересот за нови приклучоци, истакна Марко Митровски, директор на ЈП „Куманово гас“.
Видеото по вестите во 18 часот.