ВИДЕО: ЈП „Пазариште“ на „респиратор“, помош од општината

Јавното претпријатие „Пазаришта“ е во исклучително тешка финансиска состојба, информираше на денешната седница на Советот новиот директор, кој побара поддршка од општината. Советниците дадоа „зелено светло“, па со седум милиони денари општината ќе му помогне на претпријатието да избегне блокада. Средствата наместо да се употребат за некој проект од граѓански интерес, ќе завршат во „Пазаришта“.

Со седум милиони денари или околу 114.000 евра, Општина Куманово ќе му помогне на јавното претпријатие „Пазаришта“, да излезе од лошата финансиска состојба. Одлуката денеска ја донесе Советот на општината, со цел да се спречи блокада од извршители. Според изнесените податоци, претпријатието должи околу 12 милиони денари, за плата за октомври, електрична енергија, регрес за годишен одмор, судски предмети. Поддршка за излез од ваквата состојба од советниците побара новоназначениот директор.

-Ние денеска бараме можност во иднина со вистински тим, сериозен ангажман, со проекти и план да докажеме дали може ова претпријатие во иднина да има перспектива. Ова претпријатие многу години работело со загуби, можеби има место и за пофалби откако сум на функцијата кога станува збор за дневните плаќања имаме позитивни резултати во аспект на приходите од зелениот пазар 200 проценти зголемување на приходи, паркинг просторот на пазаришта 150 проценти, така што бараме финансиска помош и ова е можност да се обидеме да го спасиме ова претпријатие. И ако правиме паралела претпријатија што имаат вакви проблеми одат со стечаен управник бидејќи не се ликвидни, но ние сме заинтересирани да почнеме од почеток-нагласи Гзим Кадриу, в.д директор на ЈП „Пазаришта“.

Координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Елена Доцевска Божиновска посочи дека даваат поддршка, бидејќи во моментов не постои друг начин законски да му се помогне на претпријатието. Нагласи дека претпријатието е на респиратор, и мора да има одговорност.

-Ако не подржиме ваква предлог одлука 40-ина вработени ќе се најдат на улица, на улица ќе се и сите закупци на тезги, и Куманово ќе остане без пазари. Тоа не дозволуваме да се случи, меѓутоа директорот не ја спомна финансиската состојба што ја добивме во петокот. Многу е јасна по ставки, со сите приходи, обврски што ги имаат и бројките воопшто не се изненадувачки, со оглед што ја знаеме состојбата. Зголемената основна главнина ќе помогне, но тоа е далеку од средствата кои што им се потребни за да се покрија сите актуелни обврски. Се прашувам што следниот месец-истакна таа.

Доцевска Божиновска праша и зошто и кој дозволил ваква состојба, зошто поранешниот директор не бил навреме разрешен. Нагласи и дека со овие средства можел да се реши некој проблем во градот, а не да се покрива нечија несопособност. Побара да се направи ревизија и да се поднесе одговорност, а не да се стимулира недомаќинско работење. Побара и новиот директор во рок од 15 дена да изготви динамичен план, со конректни чекори и рокови.

Пред присутните се обрати и советничката од ДУИ, Арта Мехмети Адеми, која потенцираше дека поранешниот директор бил од редовите на нејзината партија. Негираше дека претпријатието работело со загуба, освен во време на пандемија. Таа праша и зошто општината досега не му помогнала на претпријатието.

-Во 2020 и 2021 година беа пандемиски години да не заборавиме, тогаш повеќе од 2 месеца ЈП не работеше. Во 2019 година Пазаришта беше во позитива, целиот долг е 12 милиони денари. Треба да се одземе платата за октомври која е над еден милион, 4 милиони денари е регрес кој се плаќа на рати, од судските одлуки кои се добиени – истакна Арта Мехмети Адеми, советничка од ДУИ.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски потсети дека во октомври 2020 на седница на Советот била донесена одлука за поддршка на ова претпријатие, во износ од 3 и пол милиони денари. Нагласи и дека поради политички притисок и закани дека ќе падне мнозинството не успеал да го разреши претходниот директор.

Побарав државна ревизија и во ова и во сите ЈП, единствени во државата добивме државна ревизија, но државните ревизори ги гледаат бројките што се прокниежни. Како тоа може некој да држи 6 тезги а да плаќа за 2. Каде одат основни средства за останатите 4 тезги и верувам дека на крајот истрагата ќе го покаќе тоа, не само во оваа јп, вос ите. Нема вечни директори повеќе без разлика на односот на политичките сили овде, дали една друга или треба политичка партија ќе ги поддржува извештите, ама воопшто немам намера во рамки на овој мандат да правам исклучоци за ниту еден директор за кој сум надлежен заради политичка жбелба на поеднци. Граѓаните во овој амндат ќе бидат растеретени од политиката и ќе се обидеме да спроведуваме искучиво закон-нагласи тој.

Советникот од СДСМ, Александар Јовановски, кој е вработен во претпријатието, немаше можност да учествува во гласањето на точката, но побара поддршка за носење на оваа одлука.

-Дискутабилно е да се збори за причините и последиците, како да кажам, временскиот интервал или тајмингот сега за оваа помош, но лично од мое име, а и од име на советничката група овој предлог на градоначалникот го поздравувам, и мислам дека е основна и од големо значење за јавното претпријатие. Во тој дел СДСМ и во иднина нема да делува антагонистички, имаме свој континуитет и како такви ќе продолжиме да работиме, секој предлог каде општината ќе понуди помош на било кој субјект на било која организација и претприајтие СДСМ ќе даде недвосмислена поддршка. Нема да работиме популистички и да ја користиме оваа говорница за маркетинг или други цели-истакна тој.

Предлогот за поддршка на претпријатието беше изгласан со 25 гласа за и 2-ца воздржани. По гласањето на одлуката советот донесе заклучок да се задолжи в.д директорот да изготви динамичен план за излез од состојбата. Советот бара и Државниот завод да изврши ворнедна ревизија. Заклучокот влегува во сила од денот на објасвување на сужбен гласник на општина Куманово.

 

Коментари

коментар(и)