Министерот за транспорт и врски Александар Николоски при неодамнешната посета на Куманово најави можни нови возни линии и почести железнички врски меѓу Скопје и Куманово. Во моментов двапати дневно сообраќа воз на линијата Нова железничка станица – станица Куманово. Вицепремерот Николски истакна дека во моментов билетот за патување со воз од Куманово до Скопје во двата правци е 140 денари.
– Вториот проект е меѓуградски во меѓу Скопје и Куманово, знаете дека пилот има и во моментов двапати дневно сообраќа воз на линија Нова железничка станица – Куманово заработиме заедно со Железници -транспорт на интензивирање и зголемување на фреквенцијата. Цените се далеку далеку поевтини во моментов 87 денари е карта во еден правец, 140 денари е карта во два правци, 1.850 месечна карта што е далеку поевтино од било кој друг превоз, рече Николоски.