ЈП „Куманово гас“ годинава ќе ја шири дистрибутивната мрежа кон Доброшане во близина на индустриските капацитети, информираа надлежните потенцирајќи дека токму големите корисници се приоритет на претпријатието. „Куманово-гас“ минатата година ја прошири секундарната дистрибутивна гасоводната мрежа кај „Соколански парк“.