Еуро Колеџ Куманово под раководство на д-р Љубиша Петрушевски одбележа 20 години успешно постоење и 17-та генерација на додипломски и дипломски студии по бизнис студии.
Втората приватна високообразовна институција на ниво на државата резултатот го постигна заедно со стручниот тим од професори од областа на економијата и бизнисот и студентите кои што ќе придонесат во развој на економијата во Куманово.