Викендов затворени четири угостителски објекти, казнети 14

Одделот за криминалистички работи, Единицата за брзо распоредување, Секторот за внатрешни работи Скопје, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, викендов спроведоа акциска контрола во дваесетина угостителски објекти на подрачјето на Куманово.

-За време на контролата, четири угостителски објекти се времено затворени и запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат, бидејќи во нив биле затекнати 25 лица, кои не поседувале Ковид-сертификат, а за 13 објекти е изречена глоба од страна на Управата за јавни приходи, поради неиздавање на фискални сметки, односно нерегуларности во прикажување на промет. На три објекти од страна на инспекторите им е побарана дополнителна документација, а на уште еден објект е изречена санкција поради непочитување на Законот за угостителска дејност. Дополнително, на три лица ќе им биде изречен поднесок согласно Законот за лична карта-истакна Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

По документирање на сите констатирани прекршоци против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира Министерството за внатрешни работи.

 

Коментари

коментар(и)