Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 43-годишен жител на кумановското село Биљановце, кој претходно во атар на с. Лопате управувајќи патничко возило „ауди“ учествувал во сообраќајна незгода, а при извршен увид и проверки, било констатирано дека возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,55 промили алкохол, соопштија надлежните. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.