До крајот на годинава ќе бидат вработени 20 специјализанти во кумановската болница, а се очекува одобрение од Министерството за здравство во наредниот период да биде ангажиран и дополнителен број на среден медицински кадар.
„Добивме известување до крајот на годината да вработиме 20 специјализанти и се надевам дека тоа ќе го реализираме. Што се однесува за вработување на среден медицински кадар очекуваме во наредниот период да добиеме согласности, и се надевам дека ќе има интерес и за тие вработувањата. Во последните четири години околу 170 луѓе заминале во пензија, а имаме само осум нови вработувања. Тоа значи дека имаме сериозен дефицит на среден медицински и технички персонал. Кај стручниот кадар, односно кај лекарите, засега не можеме да се пожалиме, освен на одделот за анестезија“, вели директорот Стошевски.