„Волшебникот од ОЗ“ на летната сцена во Крива Паланка

Театар Куманово на 17 јули гостува во Крива Паланка по повод манифестацијата  „Град на културата“ во 2024 година. Кумановските актери на летната сцена ќе ја одиграат претставата за деца „Волшебникот од ОЗ“, која премиерно беше изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово на петти јуни годинава. Станува збор за претстава според делото на Лиман Франк Баум, а во режија на Бојана Краљевска – Стојков.

Во претставата играат Никица Јанковски, Анастасија Величковиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Жарко Јовановиќ и Сања Русевска.