Поради намалените резерви на крв, општинската организација на Црвен крст Куманово утре организира вонредна летна крводарителска акција во периодот од 10 до 15 часот во холот на центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
Црвен крст Куманово апелира до граѓаните да се вклучат во доброволната акција и со својот хуман гест да помогнат некому на кого му е најпотребно.