Во Куманово досега во сезоната 2021/2022 не се регистрирани случаи на заболувања од грип, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на заболени во државата изнесува 509.
Кумулативно, заболените се пријавени од девет Центри за јавно здравје и подрачни единици. Најголем број на заболени лица (n=219) и највисока кумулативна инциденца (776,9/100.000) е регистрирана на територијата на ПЕ Дебар.
Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 242 случаи (47,5%), а највисока инциденца (133,6/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години (n=139).
Од почетокот на сезоната 2021/2022, заклучно со 48-ма недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнати се 2.110 материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот и сентинел САРИ надзорот. Регистрирани се 17 позитивни случаи, 13 Influenza A/H3N2, три Influenza A несубтипизиран и еден Influenza B несубтипизиран.
Заболените се пријавени од пет ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 44, во Гостивар – 33, во Охрид – 15, Тетово – 6 и во Кавадарци – 2.
Во однос на возрасната дистрибуција, 52 лица се на возраст од 15-64 години, 29 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години, 18 кај деца на возраст од 5-14 години и едно лице на возраст над 65 години. Највисока инциденца (25,0/100.000) се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.