Започна втората фаза од реконструкцијата на улица „425“, која опфаќа отстранување на стариот асфалтен слој како и изградба на потпорен ѕид на дел од улицата, со цел поголема безбедност и стабилност на теренот, објави Општина Куманово.
Во претходната фаза успешно беше реконструиран дел од улицата, при што беа поставени 5.400м² нов асфалт и изградена нова пешачка патека од 2.000м². Реконструкцијата на улицата „425“ започна во март годинава. Проектот се реализира со средства обезбедени од Владата преку вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти.