Во Уметничката галерија изложба „Тестамент“

„Тестамент“ е насловена изложбата на академскиот уметник Александар Симоновиќ Симо, која вечерва со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена во Уметничката Галерија Куманово, информираа денеска од Националната установа Музеј. Ова е седма по ред самостојна изложба на уметникот.

-Ќе бидат прикажани 16 ликовни дела, нова ликовна продукција работена во актуелната 2022 година под работен наслов „Тестамент“. За сите љубители на ликовната уметност изложбата ќе биде поставена до 25 декември. Ги поканувам кумановци да ја проследат изложбата, изјави виш кустос, историчар на уметност од Уметничката Галерија, Драгана Спасковска.

Изложбата е дел од програмските активности на музејот и е финансиски поддржана од Министерството за култура. Александар Симоновиќ – Симо, роден е во 1972 во Куманово. Дипломирал 1996 на ФЛУ – насока сликарство со графички дизајн, во Скопје, во класата на професорот Танас Луловски, член е на ДЛУМ од 1996. Тој досега реализирал седум самостојни изложби и учествувал на повеќе групни изложби во државава и странство, домашни и меѓународни ликовни колонии.

Коментари

коментар(и)