Во фоајето на националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва со почеток во 20 часот, ќе се одржи настанот „Книжевна вечер со Румена Бужаровска“. Модератор на настанот е Ирена Цветковиќ а музички гостин Јован Цветковиќ. Настанот е дел од проектот годишна литературна програма за 2022 година, поддржана од Министерство за култура.
Румена Бужаровска е родена е 1981 година во Скопје, дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје. Авторка е на „Чкртки“, „Осмица’, „Мојот маж“, „Не одам никаде“ и студијата „ За смешното: теориите на хуморот низ призма на расказот“.