На 10-тиот Меѓународен Божиќен календар на експерименти по физика со свој тим учествува активот по физика при гимназијата „Гоце Делчев”, преку Друштвото на физичари на Македонија и Европската асоцијација на физичари.
Тимот на гимназијата брои 21 ученик и е предводен од професорот Костадин Димитриевски како лидер на тимот.
Календарот трае од 1 до 24 декември, секој ден се објавува видео со екперимент и се одговара на прашање поврзано со него. Настанот е во организација на Универзитетот од Гетинген, Германија.
Лани учествувале околу 67.000 ученици од 75 земји.