Големи безбедносни мерки за Израелските кошаркари

Како што дознава порталот „Кумановски муабети“, доаѓањето на Израелските кошаркари во Куманово било проследено со највиоск степен безбедносни мерки. Улицата пред спортската сала на СОУ „Перо Наков“ била затворена за сообраќај со низа полициски возила со ротации, а видно било и присуството на возила со дипломатски регистрации. Чуварите на редот во салата биле ригорозни со проверката, па дури била забележана екипа од антитерористичката единица при МВР која со кучиња трагачи го прочешлала теренот пред почетокот на натпреварот.

Инаку, мечот заврши дваесетина минути пред почетокот на полицискиот час, но силното полициско обезбедување остана се додека тука беа и Израелците. Резултатот беше 74:83, што значи дека кошаркарите на Куманово го загубија првиот меч од вториот дел од натпреварите од БИБЛ Лигата.

Во последните 10 минути од натпреварот, Куманово иако се трудеше да го освои мечот и се приближи до изедначување сепак немаше доволно сили и мечот заврши со победа за израелскиот тим.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)