Голем интерес за детската ликовна работилница (ВИДЕО)

Триесетина ученици од кумановските училишта денеска беа дел од детската ликовна работилница што се одржа на платото на центарот за култура „Трајко Прокопиев“. На тема  „Пролет“  учесниците имаа можност својата креативност да ја пренесат на цртеж на шестата работилница во период од три години во организација на националната установа. Интересот за детските  работилници секоја година е поголем, велат организаторите.

-Оставено е на креативноста на децата да цртаат тоа што го сакаат и ние сме навистина среќни што можеме во ова време на пандемија малку да внесеме и радост кај децата бидејќи гледаме дека навистина има интерес и се задоволни од ова што го гледаат тука. Би сакал да напоменам дека овие детски ликовни работилници од оваа година, 2021, ќе влезат во нашата годишна програма со која ќе аплицираме во министерството за култура се со цел да добиеме некои финансиски средства и се цел да ги направиме работилниците поубави, да донесеме и некој сликар, уметник да им покажат на децата некои начини на сликање и слично. Постојано доаѓаат деца, штом едните ќе завршат, седнуваат другите и мислам дека сите ќе можат да го насликаат она што го замислиле, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“

За учеството во ликовната работилница децата ќе добијат благодарници од центарот за култура, а за нивните цртежи во наредниот период ќе биде организирана изложба.

Коментари

коментар(и)