Во Куманово викендов се одржа фестивалот „Графити фест“, во организација на Здружението за ликовна уметност „Форма“. На фестивалот учествуваа уметници од државата, како и уметници од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Турција. Оваа година се цртаа графити на објекти на улицата „Лесковачка“ во населбата Гоце Делчев. Членовите на оваа здружение, веќе неколку години на различни локации во градот, им даваат нов урбан лик на објектите, искажувајќи го својот уметнички дух.
„Графити Фест“ по петти пат во Куманово
