Двајца малолетници повредени во сообраќајна незгода

Вчеравечер околу 18,30 часот е пријавено дека на бул.„3-та Македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 19 годишен кумановец, мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од с.Биљановце и паркирани патничко возила „БМВ“ „Ауди“ и „Сеат“. Возачот  на мотоциклот и неговиот 15 -годишен сопатник биле пренесени во Ургентен Центар-Куманово каде од лекар  кај сопатникот е констатирана повреда, а кај возачот е констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Куманово.

Коментари

коментар(и)