Општинската организација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Куманово в петок неделава ќе организира крводарителска акција.
Освен членовите на партијата, во акцијата која ќе се одржи во периодот од 10 до 15 часот, во просториите на поранешен комитет можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани.