Делови од градот и неколку липковски села утре без електрична енергија

Поради планиран прекин на дистрибутивната мрежа утре /10.07.2024/ без електрична енергија ќе останат потрошувачите на одредени делови од градот и неколку липковски села.

Од 09:00 до 14:00 без струја ќе бидат потрошувачите од населбата Карпош, во делот кај гробиштата.

Од 09.30 до 11.30 часот улиците „Поток Серава“, „Младен Стојановиќ“, „Драгојло Диндиќ“ и „Киро Антевски“.

Од 12 до 14 часот без струја ќе бидат потрошувачите на улиците „Есперанто“, „Бајрам Шабани“, „Димо Хаџи Димов“, „Франц Розман“ и „Максим Горки“.

Од 08.15 до 14.40 часот без електрична енергија ќе бидат липковските села Оризаре, Слупчане, Извор, Алешевце, Руница и Белaновце.