Дејан Јовановски од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата денеска поднесе оставка на функцијата член на Советот на oпштина Куманово.
Претседателот на Комисијата за мандатни прашања, Дарко Митевски информираше дека Јовановски поднел оставка поради професионален ангажман во странство. Неговата оставка денеска ја изгласаа останатите членови на Советот. Јовановски стапи на функцијата на 26 ноември 2024 година, откако претходно оставка поднесе Мирослав Тричковиќ од ДПСМ.