Максим Димитриевски, независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ според Државната изборна комисија, освои најголем број гласови на локалните избори. ДИК официјално објави дека Димитриевски освои 32,82 отсто од гласовите или вкупно 15.151 гласови.
Со минимална разлика, веднаш по него, според ДИК, е кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски кој има 32,71 отсто од гласовите, или освоил точно 15.098 гласови.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски освоил 18,56 проценти од гласовите или 8.567 гласови.
Беким Салиу, кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива има 9,21% или 4.254 гласови, додека Теодора Димитровска како кандидат на коалицијата ЛДП и ДОМ има освоено 1.026 гласови или 2,22 отсто.
Согласно гласовите, во Куманово ќе се одржи втор круг од изборите на 31-ви октомври, кога граѓаните ќе треба да одлучат кој од двајцата кандидати Димитриевски или Илиевски ќе ја добијат нивната поддршка.