Листата на кандидати за советници на коалицијата на СДСМ, предводена од Атина Мургашанска освои најголем број на гласови на локалните избори, објави ДИК.
СДСМ има освоено над илјада гласови повеќе од кандидатската листа на советници на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, предводена од Ивана Ѓорѓиевска, односно СДСМ освои 11.688 гласови (23,32%), додека листата предводена од Ѓорѓиевска доби 10.258 гласови (22,22%).
Листата на кандидати за советници коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Елена Доцевска Божиновска има освоено 8.794 гласови или 19,05%.
Следува ДУИ чија кандидатска листа предводена од Арта Мехмети Адеми, има освоено 5.054 гласови, односно 10,95 проценти од гласовите.